Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг

10.09.2024 14:14

ИТИА на 20 август соопшти дека Синер двапати бил позитивен на забранетата супстанција клостебол во март оваа година за време на Мастерсот во Индијан Велс.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не ја обжали одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) до Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, откако агенцијата пресуди дека Италијанецот Јаник Синер не направил ништо за намерно да се допингува, пренесе „Кориере дела Сера“.

ИТИА на 20 август соопшти дека Синер двапати бил позитивен на забранетата супстанција клостебол во март оваа година за време на Мастерсот во Индијан Велс.

Италијанските медиуми јавуваат дека ВАДА не се противи на пресудите на независните агенции во атлетиката, велосипедизмот и тенисот, бидејќи тие се покажале како оправдани од правен аспект.