Светска банка одобри 7,3 милиони евра за помош на земјоделството во Албанија

11.07.2014 13:30

Субвенциите  во износ од 7,3 милиони евра се наменети за реализација на проекти, поврзани со земјоделството и зачувувањето на животната средина во Албанија, јавува МИА.

Средствата на Светска банка ќе ги користат земјоделци, задруги во 2.980 села во цела Албанија. Целта на финансирањето е да се помогне зеленото производство, рационалното управување на земјата и зголемувањето на земјоделските доходи. Намалувањето на сиромаштијата во селските реони и зачувувањето на природните ресурси, се важен приоритет за албанската Влада.

Соња Стојановска