Штип

Слаб интерес на младите штипјани за учество во креирање на локалните политики

10.09.2024 14:29

Како да се поттикне интересот кај младите за тие да бидат двигатели на промените пред сè во локалните средини. Досегашните искуства покажуваат дека младите сè уште се недоволно вклучени во креирањето на локалните политики.

Младите во Штип не се многу заинтересирани да се вклучат во процесите на донесување одлуките на локално ниво, а оние кои имаат желба, често не се запознаени со механизмите кои локалната заедница ги има за оваа цел. Ова е еден од заклучоците на проектот „Направи разлика“ во реализација на Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.

За едукација на младите за нивниот потенцијал како активни креатори во општеството, но и за нивно вмрежување формирана е таканаречена „Младинска банка“.

Дел од проектот „Направи разлика“ е и поткастот кој промовира успешни приказни

„Направи разлика“ е финансиски поддржан од Американската агенција за меѓународен развој, а целта е да се опфатат младите во процесите на донесување одлуки решенија за проблемите на локално ниво.

 

Славица Величкова