Национална конвенција за ЕУ

Статистичките податоци предуслов за посилна економија и борба со корупцијата

10.09.2024 14:34

Како што се развиваат економиите, така треба да развиваат и статистиките за да се разберат промените во економијата, од што зависи развојот на државата и приближувањето кон европските стандарди, велат првите луѓе на Народната банка и Заводот за статистика.

Статистичките податоци се предуслов за посилна економија и ефикасна борба со корупцијата, заклучија на Националната конвенција за Европската унија за работна група антикорупција. Како што се развиваат економиите, така треба да развиваат и статистиките за да се разберат промените во економијата, од што зависи развојот на државата и приближувањето кон европските стандарди, велат првите луѓе на Народната банка и Заводот за статистика.

Според експертите во преговорите со ЕУ, земјата кандидатка мора да исполни два економски критериума: пазарна економија и конкурентност, за што е потребни и добри статистички податоци.

„Во кластерот основи, една од најважните области е статистиката, што покажува дека добрите статистички податоци се инфраструктурата за нормален економски и социјален развој на земјата“, смета Мојмир Мрак-професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Со точни и навремени статистички податоци се носат добри економски политики, а со тоа се влијае и на сузбивање на корупцијата што е најголем проблем во земјава, порачаа од Националната конвенција за ЕУ.

Ирина Гелевска