Политика

Сиљановска Давкова в петок во Софија, ќе има средба со Радев

10.09.2024 14:56

Како што јави БГНЕС, според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе оди во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет.

Како што јави БГНЕС, според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Според бугарскиот медиум, во македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков, а сѐ уште не е потврдено доаѓањето и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.