ОЈО - Гостивар: Нема наредба за приведување
Основното јавно обвинителство Гостивар, е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат...

Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице за настан во близина на верски објект во гостиварско.
Велат дека Основното јавно обвинителство Гостивар, е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.
Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на самото место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело – соопштуваат од Обвинителството.
