ДИЗ

ДИЗ: Потпишани два меморандуми за соработка

10.09.2024 18:07

Во текот на средбата беше потпишани два меморандуми за соработка помеѓу двете институции со фокус на тутунот како земјоделска култура и винското грозје и виното...

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство оствари средба со деканот на Факултетот за земјоделство и храна. Во текот на средбата беше потпишани два меморандуми за соработка помеѓу двете институции со фокус на тутунот како земјоделска култура и винското грозје и виното.

Цел на овој Меморандум претставува воспоставување и унапредување на соработката помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство и Факултетот за земјоделски науки и храна, на научно и стручно поле, размена на податоци за научни цели како и со цел вршење на примопредавање на примероци/мостри од тутун и сродни производи и обработен тутун за научни цели, како и мостри од вино и јаки алкохолни пијалаци.

Директорот Анакиев при посетата упати благодарност до деканот и факултетот за континуираната поддршка на инспекторатот со придонесување на полето на соработката како досега така и во иднина. Воедно изрази задоволство и од можноста за проширување на своите инспекторски тимови со идни генерации кои произлегуваат токму од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Дополнително деканот Маркоски изрази задоволство од работата на ДИЗ и Министерството за земјоделство во целина при давањето на максимална поддршка на македонските земјоделци.