Италијанска поддршка за македонските ЕУ-интеграции
Мојата посета овде не е само формална, туку е јасна порака за поддршка која ја даваме на земјите од западен Балкан за влез во ЕУ. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во официјална посета на Македонија.

Мојата посета овде не е само формална, туку е јасна порака за поддршка која ја даваме на земјите од западен Балкан за влез во ЕУ. Мене зборот проширување не ми се допаѓа, ова се европски земји и ние треба да зборуваме за спојување на земјите од западен Балкан кон ЕУ рече шефот на италијанската дипломатија Тајани. Според него треба да се подаде рака кон оние народи коишто сакаат да видат со европејците.
Нашата примарна цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи односно на владеењето на правото, на борбата против корупцијата и доколку постои добра волја од страна на членките внатре во Унијата нема предизвик на којшто не може да се најде решение нагласи Муцунски. Шефот на македонската дипломатија повтори зошто владата бара уставни измени со одложено дејство притоа тврдејќи дека за такво нешто нема потреба од промена на преговарачката рамка која ја поддржаа сите земји-членки на Унијата вклучувајќи ја и Бугарија.
Денешната посета претставува силна потврда на нашата заедничка определба за продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на сите нивоа. Муцунски кажа дека на средбата покрај за поддршката за членство во Европската унија се разговарало и за продлабочување на економската соработка со Италија.
Ана Јосифовска-Тодоровска
