Македонија
Ванчо Ѓеорѓиев е именуван за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија
10.09.2024 21:15
Ванчо Ѓеорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев од кого новата Влада и ВМРО-ДПМНЕ не беа задоволни од неговата работа.

Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓеорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија. Ванчо Георгиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев од кого новата Влада и ВМРО-ДПМНЕ не беа задоволни од неговата работа.
Инаку, Георгиев беше член на комисијата, но истапи од неа, како што рече тогаш, поради притисокот што го правела тогашната Влада.
