Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница
Од власта очекуваат поддршка од сите политички партии, бидејќи како што велат, Законот е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и на државата...

Денеска на собраниската седница, по скратена постапка ќе се разгледува Законот за локална самоуправа, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.
Од власта очекуваат поддршка од сите политички партии, бидејќи како што велат, Законот е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и на државата.
СДСМ сѐ уште го гради ставот и денеска тој ќе биде познат и за јавноста. Засега молк и во ДУИ. Пратеници од Европскиот фронт, односно од крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците истакнаа дека нема да го поддржат Законот.
Темата се актуелизираше откако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, стана министер за здравство, Тимчо Муцунски од Општина Аеродром е министер за надворешни работи, додека пак првиот човек на Сарај, Блерим Беџети од ДУИ, кариерата ја продолжи како пратеник.
