Временска прогноза
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
11.09.2024 08:15
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
