Политика
Сиљановска Давкова в петок во Софија, ќе има средба со Радев
11.09.2024 08:21
Заедно со министрите за надворешни Муцунски и за култура Љутков ќе присуствуваат на оперската претстава Набуко во Софија, во изведба на Националната опера и балет...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова в петок патува во Бугарија. Заедно со министрите за надворешни Муцунски и за култура Љутков ќе присуствуваат на оперската претстава „Набуко“ во Софија, во изведба на Националната опера и балет.
Според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
