Харис го стави Трамп во дефанзива по синоќешната борбена ТВ дебата
Демократската потпретседателка Харис го стави републиканецот Трамп во дефанзива по синоќешната борбена телевизиска дебата со серија напади на темите за абортусот, подготвеноста на Трамп за претседател и неговите бројни проблеми со судството, бидејќи и двајцата кандидати се обидоа да ја искористат дебатата за ги придобијат гласачите шест недели пред претседателските избори во САД...

Прва ТВ-дебата на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп. Демократската потпретседателка Харис го стави републиканецот Трамп во дефанзива по синоќешната борбена телевизиска дебата со серија напади на темите за абортусот, подготвеноста на Трамп за претседател и неговите бројни проблеми со судството, бидејќи и двајцата кандидати се обидоа да ја искористат дебатата за ги придобијат гласачите шест недели пред претседателските избори во САД.
Се чини дека поранешната обвинителка Харис, неколкупати успеа да го испровоцира Трамп, што го натера видно бесниот поранешен претседател да даде низа нервозни одговори полни со невистини. Харис го обвини Трамп дека е подготвен да се откаже од американската поддршка за Украина за да му се додвори на рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го Трамп „срам“, додека Трамп тврдеше дека Харис „го мрази“ Израел, што таа негираше.
