Израелски напад врз камп за Палестинци, најмалку 19 загинати
Цел на нападот биле истакнати милитанти на Хамас...

Најмалку 19 лица загинаа, а 60-ина беа ранети во израелски напад врз преполн камп за Палестинци. Цел на нападот биле истакнати милитанти на Хамас. Министерството за здравство во Газа потврди најмалку 19 смртни случаи, додека цивилната одбрана претходно објави 40 смртни случаи. Израел тврди дека се обидел да избегне да предизвика штета на цивилите од почетокот на војната, по нападот на Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври.
Ја обвинува групата за смртните случаи, тврдејќи дека нејзините членови често оперираат во станбени области и поставуваат тунели, ракетни фрлачи и друга инфраструктура во близина на домови, училишта и џамии. Меѓународното право дозволува напаѓање воени цели во областите каде што има цивили сè додека употребената сила е пропорционална на целта.
Меѓу другото Израел тврди дека палестинската милитантна група повеќе не постои како воена формација во Газа.
