Секој деветти смртен случај кај новороденчиња во Македонија е поврзан со загаден воздух
Во извештајот насловен „Почетоци без здив: политики за заштита на децата од загадениот воздух во Европа и во Централна Азија“, пишува дека во 2021-ва година, над 5 илјади и 480 доенчиња во 23 земји и територии од Европа и Централна Азија, починале од причини поврзани со аерозагадувањето.

Секој деветти смртен случај на новороденче во Македонија е поврзан со аерозагадувањето, се вели во најновиот извештај на УНИЦЕФ, објавен во пресрет на Меѓународниот ден на чистиот воздух.
Во извештајот насловен „Почетоци без здив: политики за заштита на децата од загадениот воздух во Европа и во Централна Азија“, пишува дека во 2021-ва година, над 5 илјади и 480 доенчиња во 23 земји и територии од Европа и Централна Азија, починале од причини поврзани со аерозагадувањето.
Во Македонија, смртните случаи на новороденчиња, поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 насто или 1 од 9 смртни случаи на деца, на возраст до една година. Ризиците од загадениот воздух во земјава се високи, вели извештајот.
