Нова еврообврзница

11.07.2014 14:19

Од понеделник претставници од Министерството за финансии и на Народна банка  ќе имаат работни  средби со инвеститори во неколку европски градови за можното издавање на еврообврзница од страна на Република македонија.

Рочноста и сумата на која би била издадена еврообврзницата ќе бидат точно одредени по завршувањето на роуд-шоуто, зависно од општите услови на пазарот на капитал и пројавениот интерес на инвеститорите за запишување на обврзницата.

Средствата од издавањето на еврообврзницата би се користеле за  финансирање на буџетските потреби за оваа и за следната година, како и исплата на доспеани обврски како и оние кои ќе доспеваат во наредниот период, вклучувајки ја и издадената еврообврзница од 2005 година, која доспева наредната година.