Панел дебата за „Образование водено од реалните потреби на учениците“
На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставничката на УНИЦЕФ во земјата, Лесли Милер, извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и други експерти и практичари.

Настан посветен на „Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, ќе се одржи денеска во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.
На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставничката на УНИЦЕФ во земјата, Лесли Милер, извршниот директор на ЗМАИ, Виктор Митевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и други експерти и практичари.
По поздравните обраќања следи експертски панел на тема „Образование водено од реалните потреби на учениците“ – Паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура.
