Во тек анализи за воведување на дополнителен час на евтина тарифа
Станува збор за опсежна компаративна финансиско енергетска анализа во која освен енергетскиот аспект исто така значајно влијание имаат и финансиските елементи...

Во тек се анализите за воведување на дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот. Станува збор за опсежна компаративна финансиско енергетска анализа во која освен енергетскиот аспект исто така значајно влијание имаат и финансиските елементи посебно ако земеме предвид дека сме во фаза на стабилизација – по пандемијата и енергетската криза, додава регулаторот. Велат дека ги очекуваат резултатите за да може да донесат финална одлука.
„Ние имаме добра намера во идејата да ослободиме уште еден дополнителен час евтина тарифа од која најмногу бенефит секако ќе имаат пензионерите. Но во исто време мора да водиме сметка да има сигурна и стабилна испорака на електрична енергија и системот да се стабилизира сериозно за да може да изгради простор за понатамошни можни екстерни шокови. Она што загрижува е што изминатите неколку месеци берзанските цени на електричната енергија во регионот се повисоки од цените на берзите во Западна Европа и во Скандинавија. За оваа состојба побаравме да се вклучат и од Енергетската заедница“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
