Мицкоски за случувањата во Галате: Ова се изолирани инциденти, потребни се промени во Законот за полиција
Не треба да се игра на етничка карта, ова се изолирани инциденти, потребни се промени во Законот за полиција, за да се спречат ваквите појави понатаму, вели премиерот Мицкоски...

Не треба да се игра на етничка карта, ова се изолирани инциденти, потребни се промени во Законот за полиција, за да се спречат ваквите појави понатаму, вели премиерот Мицкоски по случувањата во дворот на црквата „Света Петка“ во Галате.
„Она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури“, изјави денеска премиерот Мицкоски.
Премиерот додаде дека криминалните стурктури ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Апелира, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации.
