Земјотрес во Грција
Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Грција, јавува МИА. Земјотресот, кој се случи околу 13 часот по локално време, најмногу беше почувствуван во Халкида и Еретриа, а ги стресе и жителите на Атина. Нема пријавени повредени луѓе, ниту поголема материјална штета.
Според Атинскиот институт за геодинамика, епицентарот на потресот бил во градот Халкида на островот Евиа, 54 километри северно од Атина, на длабочина од пет километри.