Од понеделник достапни новите лекови на позитивната листа
Од понеделник новата позитивна листа достапна за граѓаните. На сметка на државата ќе можат да се лекуваат со 87 нови лекови. Пациентите со кардиоваскуларни заболувања и невролошки состојби ќе имаат современа терапија којашто се очекува да даде подобри резултати. Од Владата велат секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни...

Пациенти кои користат антикоагуланти, терапија за висок притисок и високи масти во крвта, антидепресиви, како и терапија за третирање на деменција, од понеделник на сметка на Фондот за здравство ќе имаат на располагање вкупно 87 нови лека. Различни по форма, јачина и пакување, лековите се од деветте нови генерики воведени на примарната позитивна листа.
Од СЗО реагираат дека многу луѓе се борат да врзат крај со крај и мора да изберат помеѓу плаќање на трошоците за здравствена заштита или за храна и основни потреби.
Од СЗО потенцираа, кога нема лекови помалите пазари се соочуваат со проблем да ги набават по пониски цени, ова не е проблем само на Македонија туку и на сите помали држави и за ова ќе се бара решение.
Наташа Јанчиќ - Менковски
