Ханој
Над 140 загинати по тајфунот „Јаги“ во Виетнам
11.09.2024 12:23
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 141, лице...

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 141, лице. Обилните врнежи предизвикуваат нагло зголемување на Црвената река и се заканува да ги поплави централните области на главниот град Ханој.
Предизвикани се смртоносни одрони и поплави во северен Виетнам, при што 59 се водат како исчезнати. Нивото на водата на Црвена река во Ханој се зголемува за 10 сантиметри секој час.
Учениците остануваат дома до крајот на неделата поради поплавите, а илјадници жители, кои живеат во ниските области се евакуирани.
