Деветти ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан
Битолскиот универзитет Св „Климент Охридски“ од денес е домаќин на дводневниот Деветти ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан како и универзитетите членки на Колорс Алијансата. Околу 60 ректори, проректори и високи претставници на универзитетите ќе дискутираат на повеќе теми кои се од суштински значење за иднината на универзитетите и соработката …

Второформираниот наш универзитет домаќин на високонаучната мисла од Југоисточна Европа, Западен Балкан и универзитетите членки на КОЛОРС Алијансата на техничкиот факултет се одржува Деветтиот ректорски форум или еден од најголемите досега одржани академски настани.
Дискусиите на оваа важна паневропска академско-регионална мрежа, ќе бидат главно насочени кон соработката помеѓу универзитетите и иднината на нивното функционирање -велат учесниците.
„Овој форум го посветуваме на две според мене важни теми, улогата на универзитетите во високото образование и фундаменталните академски вредности, а исто така Европската Алијанса не поврзува на еден уникатен начин“, изјави Снежна Самарџија-Милиќ ректорка на универзитетот во Риека.
„Убеден сум дека имаме што да научиме едни од други. Со задоволство гледам како Колорс Алијансата расте и во Битола преку вашиот универзитет“, изјави проф. др. Торстен Маер, потпретседател на КОЛОРС алијансата.
А токму ваквото членство покажува голем исчекор на битолскиот универзитет. Ректорот Неделковски вели сега сме дел од семејство со над 120.000 студенти и над десет илјади наставен кадар.
Ваквите поволности, вели позитивно се одразиле и на првиот уписен рок каде бројот на кандидати за студенти бележи пораст за околу 30 проценти.
Стевче Митревски
