Протести против „Монструм“: На Бит Пазар засега мирно

11.07.2014 15:02

Полицијата е на терен со оклопни возила и водени топови...

Околу 2.000 лица засега мирно протестираат на Бит Пазар против пресудата во случајот „Монструм“. Група демонстранти од Јајапашината џамија попладнево тргна кон Бит-пазар со што продолжија протестите, кои започнаа минатиот петок.

Полицијата е на терен со оклопни возила и водени топови.

Протестите почнаа на 4-ти овој месец пред објектите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Основниот суд Скопје 2 – Скопје кога со камења и други тврди предмети  беа оштетени фасадите на објектите и повредени неколку полициски службеници.

Според информациите демонстрантите полека почнаа и да се повлекуваат.