Влада

Над 10 општини аплицирале за капитални проекти

11.09.2024 12:53

Станува збор за капитален проект со кој на општините им се става на располагање над 250 милиони евра за инфраструктурни проекти и нивен развој.

Премиерот Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека јавниот повик за аплицирање на проекти од страна на општините завршува утре, потенцирајќи дека до сега се пристигнати проекти од прилика од 10 до 12 општини.

„Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи евалуација на истите. Да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното“, објасни премиерот Мицкоски.

Станува збор за капитален проект со кој на општините им се става на располагање над 250 милиони евра за инфраструктурни проекти и нивен развој. Во тек е јавниот оглас каде општините може да аплицираат со свои проекти.