Политика
Измените на Законот за локална самоуправа во Собранието по скратена постапка
11.09.2024 13:20
По скратена постапка ќе се разгледува Законот за локална самоуправа, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Од власта очекуваат поддршка од сите политички партии...

На собраниската седница, по скратена постапка ќе се разгледува Законот за локална самоуправа, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Од власта очекуваат поддршка од сите политички партии.
Темата се актуализираше откако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари стана министер за здравство, Тимчо Муцунски од Општина Аеродром е министер за надворешни работи, додека пак првиот човек на Сарај, Блерим Беџети од ДУИ, кариерата ја продолжи како пратеник.
Милчо Велески известува од законодавниот дом.
