До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница
Работната група ќе прави симулација за ограничување на цените или на маржите, по што ќе се изнајде најдоброто решение...

До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница. Ќе содржи околу 100 прехранбени производи, пренесе МИА. Работната група ќе прави симулација за ограничување на цените или на маржите, по што ќе се изнајде најдоброто решение.
Или ќе се намалат маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или ќе се замрзнат цените. Иако инфлацијата се стабилизира, сепак, од Владата најавија дека освен есенска, ќе има и пролетна кошничка, божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница, односно, ќе се менува листата производи во зависност од периодот во кој ќе се применува.
