Македонија

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Словачка, Н. Е Хенрик Маркуш

11.09.2024 16:13

На средбата се разговараше за досегашната одбранбена билатерална соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области ...

Денеска во Министерство за одбрана, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Словачка, Н. Е Хенрик Маркуш.

На средбата се разговараше за досегашната одбранбена билатерална соработка со Словачка и иницијативите за нејзино интензивирање, зајакнување и унапредување во повеќе области со една цел за стабилност и безбедност на регионот и пошироко.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за континуираната силната поддршка на Словачка на патот кон целосна евроатлантската интеграција на нашата земја.