Македонија

Средба на Мисајловски со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н. Е Кристов Ле Риголер

11.09.2024 18:23

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н. Е Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана...

Добредојде и успешна дипломатска мисија му посака министерот за одбрана Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н. Е Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковник Валери Санс, се разговараше за одбранбена билатерална соработка со Франција која е активна повеќе од 28 години во областа на воено образование и јазичната обука.

Министерот Мисајловски изрази благодарност за силната поддршка од Француската Република во остварување на нашите стратешки цели, членството во НАТО и на патот кон целосна интеграција во ЕУ.