Грција

Порака за евакуација на грчкиот остров Крит

11.09.2024 19:38

Според локалните медиуми од островот, пожарот што гори ниска вегетација и брзо се шири поради ветерот е во близина на хотелски комплекси и евакуирани биле најмалку еден хотел, голем, супермаркет, како и туристички објекти ...

Голем пожар избувна попладнево во близина на местото Платаниа кај градот Ханиа во североисточниот дел на грчкиот остров Крит, а од бројот за итно случаи 112 беше испратена порака за евакуација до сите што се во непосредна близина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми од островот, пожарот што гори ниска вегетација и брзо се шири поради ветерот е во близина на хотелски комплекси и евакуирани биле најмалку еден хотел, голем, супермаркет, како и туристички објекти. Интервенираат копнени и воздушни сили на противпожарната служба на Грција.