ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Услови за добивање на субвенции за пченица

12.09.2024 08:14

За да можат да ги добијат дополнителните субвенции од 3 денари за килограм, производителите на пченица не треба да поднесуваат барања во електронскиот систем на Платежната агенција. Потребната документација ќе се обезбеди преку Државниот инспекторат за земјоделство …

Со дополнувањето на Програмата за користење на средства од интервентниот фонд за 2024 се воведе нова мерка за финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица.

Парите се за земјоделски стопанства кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработлива површина со пченица и кои родот го продале кај регистриран откупувач во периодот од 15-ти јуни до 5-ти септември оваа година.

Право на субвенција имаат и земјоделците кои житото го користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за приноси кои не се поголеми од 4.00 килограми по пријавен хектар.

Исплатата ќе се врши без поднесено барање од страна на земјоделското стопанство. Податоците за продадената пченица Агенцијата ќе ги обезбеди преку Државниот инспекторат за земјоделство.

 

Методија Трајков