САД и Велика Бритианија со дополнителна помош за Украина од речиси 1,5 милијарди долари
Американскиот државен секретар Блинкен во Киев најави повеќе од 700 милиони долари главно наменети за зајакнување на енергетската мрежа. Украинските власти повторно побараа од западните сојузници да им дозволат да целат подлабоко на руска територија со проектили набавени од нив...

САД и Велика Британија ветија дополнителна помош за Украина од речиси 1,5 милијарди долари. Американскиот државен секретар Блинкен во Киев најави повеќе од 700 милиони долари главно наменети за зајакнување на енергетската мрежа. Украинските власти повторно побараа од западните сојузници да им дозволат да целат подлабоко на руска територија со проектили набавени од нив. Барањето сега ќе се разгледува во Вашингтон.
„Остануваме целосно посветени на победата на Украина, не само да се осигураме дека може да се брани, туку може да застане на свои нозе силно, воено, економски, демократски, да го обезбеди патот што го избра украинскиот народ кон поголема интеграција во евроатлантската заедница, вклучително и Европската унија и НАТО“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Украинскиот претседател Зеленски беше домаќин на меѓународниот самит за Крим во Украина.Воздушна тревога се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Лами, како и други западни претставници.
