Вработување

Расте интересот за субвенционирано вработување на приматели на социјална помош

11.07.2014 16:04

Девојка од Шуто Оризари од сиромашно семејство кога слушнала за мерките за вработување на корисници на социјална помош, веднаш се обратиле во Агенцијата за вработување...

Светот има доволно за сечија потреба, само треба да се споделат работите, вели Сонали Семвал, менаџерка на индискиот ресторан во Скопје. Во мешовитиот состав од Индијци и Македонци, во кујната се најде и девојка од Шуто Оризари од сиромашно семејство. Кога слушнала за мерките за вработување на корисници на социјална помош, веднаш се обратиле во Агенцијата за вработување.

„Ако си замине оној што сте го ангажирале, веднаш можете да ангажирате некој друг од евиденцијата на Агенцијата за вработување. Програмата е добра, бидејќи се грижи и за невработените и за работодавачите.“, вели Сонали Семвал, менаџерка на индискиот ресторан во Скопје.

Сонали вели дека оваа мерка е од голема полза за новите бизниси. Државната субвенција е шест месеци. По вработен се добиваат по 17.000 денари. Од нив 14.000 денари се за платата, а 3.000 за газдата.

„Водиме сметка да ги удостоиме работодавачите и да им испратиме кадар чии кавлификациите, образование и вештини, одговараат на потребите на работното место. Важно е работодавачот да биде задоволен за да го задржи работникот на работа“, вели Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување на град Скопје.

По завршување на програмата работодавачот има обврска да ги задржи сите и во наредните 6 месеци. Заинтересираните за субвенционирано вработување на приматели на социјална помош можат да се пријават во некој од 30-те центри за вработување во државава.

Наташа Јанчиќ