Нападнато училиште на ООН во Газа, има жртви
Погодени се и живеалишта. Израелската армија соопшти дека мета биле милитантите на Хамас кои планирале напади од внатрешноста на училиштето...

Не стивнуваат нападите во Газа. Жртви и повредени во гранатирање на училиште на ООН. Погодени се и живеалишта. Израелската армија соопшти дека мета биле милитантите на Хамас кои планирале напади од внатрешноста на училиштето. Премиерот Нетанјаху ја посети границата со Јордан и Западниот Брег неколку дена откако тројца Израелци беа застрелани и убиени на граничниот премин.
„Ќе работиме за да воспоставиме посилна бариера против обидите за криумчарење, во координација со соседите. За нас е важно да обезбедиме оваа граница да остане граница на мирот и безбедноста“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во однос на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот, Хамас вели дека групата останува посветена на првичниот предлог на САД и нема да прифати нови услови од која било страна. Претходно, Нетанјаху изјави дека израелските војници ќе ги задржат позициите долж рутата Филаделфија на границата Газа-Египет.
