Меџити и Божиновска на средба со Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија
На средбата се разговарало за билатералните односи и одличната соработка што нашата земја ја има со американската агенција УСАИД, која има реализирано голем број инвестиции во Северна Македонија.

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од министерката за енергетика, рудници и минерални суровини, Сања Божиновска, вчера се сретнал со Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија.
На средбата се разговарало за билатералните односи и одличната соработка што нашата земја ја има со американската агенција УСАИД, која има реализирано голем број инвестиции во Северна Македонија.
Двете страни ја истакнале важноста од зајакнување на билатералните односи и зголемување на соработката во клучните области од заеднички интерес.
На средбата разменети и мислења за најновите политички и економски случувања во нашата земја, при што истакната била улогата на политичката стабилност во создавањето погодна средина за странски инвестиции.
Двете страни ја препознале важноста на заедничките напори за решавање на еколошките прашања и поддршката на зелените иницијативи, стои во соопштението од кабинетот на Меџити.
