Корејски полуостров

Северна Кореја истрела балистички ракети кон Јапонското Море

12.09.2024 08:44

Војската на Јужна Кореја соопшти дека тоа е прво вакво лансирање во повеќе од два месеци...

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел во близина на нејзиниот источен брег. Војската на Јужна Кореја соопшти дека тоа е прво вакво лансирање во повеќе од два месеци.

„Можно е Северна Кореја да го изврши лансирањето како одговор на комбинираната вежба со САД или како тест пред да извезе оружје во Русија“, изјави Ли Сунг Џун, портпарол на Здружениот штаб на Јужна Кореја.

Ракетите полетале од Пјонгјанг околу 7:10 часот по локално време и поминале 360 километри пред да паднат во морето. Не е соопштено за колку ракети станува збор.