Германија
Германија ги засилува мерките против илегалната миграција
12.09.2024 11:40
Германската влада ги засилува мерките против илегалната миграција и криминалот по неодамнешните екстремистички напади...

Германската влада ги засилува мерките против илегалната миграција и криминалот по неодамнешните екстремистички напади.
Официјален Берлин соопшти дека контролите воспоставени на границата со Австрија од 2015 година, како и со Полска, Чешка и Швајцарија од минатата година, од понеделник ќе бидат проширени на Франција, Луксембург, Белгија, Холандија и Данска.
Словенија, Австрија и Италија, исто така, имаат продолжени привремени гранични контроли во некои области или по должината на нивните граници.
