Здравство

Треба да продолжи обновувањето на позитивната листа, сметаат граѓаните

12.09.2024 12:22

Граѓаните се задоволни од обновување на позитивната листа на лекови, но сметаат дека не е доволно, дека треба да продолжи. Лекарите се надеваат дека на следното проширување на позитивната листа ќе се најдат повеќе компонентни лекови и со една таблета ќе се лекуваат повеќе здравствени проблеми. Директорот на ФЗОМ вели ќе има нови лекови, но и ќе се следи нивното користење...

Триесет проценти од семејниот буџет пензионерката Викторија Христовска и нејзиниот сопруг го трошат во аптеките. Вели, терапијата треба да биде бесплатна, 40 години им било одделувано од плата за здравство.

Диме Велев, претставникот на дијабетичарите во земјава, вели тој и пациентите со шеќер во крвта имаат потреба од новите лекови кои од понеделник ќе бидат на позитивната листа.

Матичните лекари со предлог кои лекови треба да се најдат на следното проширување на позитивната листа.

Матичните лекари чекаат упатства од Фондот за здравство кои лекови ќе може да ги препишуваат тие, а за кои ќе треба препорака од специјалист.

Пациенти кои користат антикоагуланти, терапија за висок притисок и високи масти во крвта, антидепресиви, како и терапија за третирање деменција, на сметката на Фондот за здравство ќе имаат на располагање вкупно 87 нови лека.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски