Расте бројот на општествено одговорни компании во Македонија
Грижата кон вработените, кон заедницата и животната средина се само некои од начините за компаниите да ја потврдат општествената одговорност, да изградат имиџ, да го подобрат работењето.

Грижата кон вработените, кон заедницата и животната средина се само некои од начините за компаниите да ја потврдат општествената одговорност, да изградат имиџ, да го подобрат работењето. Бизнисмените објаснуваат, мотивираните работници придонесуваат за поголема ефикасност и за повисока заработка. Од година во година расте бројот на општествено одговорни компании во земјава.
„Тоа се категории кои ги истакнуваат компаниите како компании со добар имиџ, а добриот имиџ и добрата традиција на компанијата го создава и брендот. Тоа е она што на некој начин општествената одговорност или општествено одговорните практики се на некој начин потпора или пак пат за долготрајност на компанијата“, вели Миле Бошков од Бизнис Конфедерацијата на Македонија.
Преку првиот прирачник македонските претпријатија ќе се едуцираат за важноста на општествената одговорност.
„Фирмите пред се треба да почнат од својот сопствен двор, да ги средат работите во рамките на нивните компании и да ги минимизираат негативните влијанија што ги имаат во опкружувањето, а потоа да преминат кон ширење на позитивни влијанија во заедницата во која работат,“ вели Александар Николов од Координативното тело за општествена одговорност.
Годинава за најодговорните компании повторно ќе има награди.
Дијана Ценевска
