Реакции од политичките партии за Предлог-законот за бранители
Предлог-законот за бранители нов фронт за политичка пресметка меѓу партиите. Власта во предложеното решение гледа обид на СДСМ и ДУИ за креирање меѓуетнички тензии, од „Бихачка“ демантираат – велат дека законот има за цел да одговори на потребите на луѓето. Меџити порача – законот за бранители нема да помине …

Меѓуетнички тензии или одговор на потребите на преживеаните бранители. Што ќе донесе законското решение предложено од СДСМ? Премиерот Мицкоски во него гледа обид за вжештување на меѓуетничката атмосфера и вели дека опозицијата сака да креира нетрпеливост.
СДСМ е подготвен да дебатира за да се најде оптимално решение. Целта на законот, вели лидерот Филипче, не е да креира поделби.
Остри реторики и во албанскиот политички блок. Од Коалицијата „Вреди“ со порака – Законот нема да помине ако изостанат привилегии и за борците на ОНА.
„Тука сме за да го браниме правото на албанскиот народ и да бараме сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на ОВК. Нема да дозволиме ваквите прашања да се користат за прикривање на неуспесите и злосторствата што се направени врз нашиот народ“ – велат од коалицијата „Вреди“.
Од ДУИ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги присилилиле „Вреди“ да го поддржат Законот за бранители.
„Поразените пратеници на „Вреди“ првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето на Законот за бранители, ја напуштија седницата и по телефонскиот повик од нивните сопственици од ВМРО, се вратија со свиткани опашки и обезбедија кворум за усвојување на дневниот ред сосе Законот за бранители“ – велат од ДУИ.
Законот за посебни права на безбедносните сили го поднесе поранешната министерка за одбрана, а сега пратеничка Славјанка Петровска.
Анита Димитријевска – Велковска
