Македонија

Власта и опозицијата со различни ставови за заемот од Унгарија

12.09.2024 14:50

Опозицијата обвинува дека задолжувањето кај унгарската банка е без преседан и не постојат јасни критериуми и механизми како ќе се прераспоредуваат, предупредуваат дека има опасност од скриени трошоци. Власта со став заемот од половина милион евра е со помала камата отколку задолжувањата на претходната влада на СДСМ и ДУИ .

Опозицискиот СДСМ ќе го блокира во Собранието носењето по скратена постапка на законот за унгарскиот заем, тежок половина милијарда евра. Претседателот на СДСМ, Филипче, вели нема да биде ставен на Комисијата за финансирање и буџет, инсистира носење по редовна постапка и со дебата

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека со блокадата на заемот од Унгарија, СДСМ директно работи против граѓаните и стопанството.

Од Владата велат дека заемот од половина милион евра од Унгарија е со помала камата отколку задолжувањата на претходната влада на СДСМ и ДУИ, што е од 12 до 20 пати поголемо.

 

Ирина Гелевска