Поранешните членови на Комисијата за историски прашања со Бугарија, контра премиерот
Сменетите членови на историската комисија со Бугарија се жалат на притисоци, велат нивната работа била изложена на негативна пропаганда и злоупотребена за партиски цели. Бараат странски експери за да се вклучат во работата. Премиерот Мицкоски се согласува, но вели дека ќе одговараат за потрошените високи суми средства во рамки на средбите. Опозицијата обвинува за политичкото дикридитирање на членови.

По промената на составот на македонскиот тим во експертската комисија задолжена за решавање на историско-образовните прашања со Бугарија, дел од поранешните членови се пожалија дека нивната работа многу често се користела за политички и партиски цели од страна на двете држави.
„Тие напади продолжија до денес, а минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на „заштитници“ и „незаштитници“ на националните интереси согласно со неговите лични погледи“ – се вели во писмената реакција.
Дел од поранешните членови предлагаат во новиот состав да има и експерти од ОБСЕ. Премиерот вели дека нема ништо против за нивно вклучување во историската комисијата, но најавува дека ќе се вклучат и истражните органи за да се види на што се трошеле парите.
Претседателот на СДСМ со став дека комисијата има јасна задача, а тоа е да утврди заедничко толкување на историски факти. „Тука за политика воопшто нема место“ – вели Филипче.
Новиот претседател на експертската комисија Ванчо Георгиев, за МТВ вели ќе се воздржи од коментар, за дополнително да не се оптоварува процесот ниту, пак, односите меѓу двете држави.
Марина Стојанова-Тонева
