Прва комерцијална вселенска прошетка
Прва комерцијална прошетка во вселената. Милијардерот Џаред Исакмен ја испиша историјата. Земјата навистина изгледа како совршен свет порача на 700 километри далеку од нашата планета...

Милијардерот Џаред Исакмен ја испиша историјата. Тој е комерцијален астронаут којшто ја направи првата вселенска прошетка во вселената на растојание од 700 километри од нашата планета. Исакмен е дел од четиричлената мисија-„Зора на ѕвездата-Северница“ на приватната компанија Спејс-икс на Илон Маск. Прошетката ќе трае вкупно два часа изјави командантот на мисијата.
„Најризичниот дел е кога ја напушташ сопствената атмосфера и мораш повторно да се вратиш во неа по мисијата. Нема затворен простор. И ако си погоден од микрометеорите, тогаш знаеш дека си имал пеколно несреќен ден“, изјави Џаред Исакмен-командант на вселенската мисија.
Исто така, за првпат во вселената менито на астронаутите не беа пилулите, туку се најдоа сендвичи, пици и панцероти. Подготовките за целата вселенска операција траеја две години. Астронаутите имаат два избори за атерирање, по два дена на Флорида, во Мексиканскиот залив, или на источниот брег на Атлантскиот Океан. Во наредниот период, со мисијата Поларис треба да се прошират границите на сегашните вселенски летови, со транспорт на луѓе и добра во орбитата на земјата, на месечината, на Марс и подлабоко во универзумот.
Зоран Богатинов
