Собрание

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

12.09.2024 21:07

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“...

Собранието попладнево ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои ќе има линеарно зголемување на пензиите од по 2.500 денари од 1 септември годинава и од 1 март следната година.

На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“.