Македонија

Сиљановска Давкова во посета на Софија, ќе оствари средба со Радев

13.09.2024 08:07

Во рамки на посетата, шефицата на државата Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и балет, што во софиската ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е во посета на Бугарија. Во рамки на посетата, шефицата на државата Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и балет, што во софиската ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Посетата на Сиљановска-Давкова на Софија е дел од културната дипломатија преку која може да се затоплат заладените односи со Бугарија, сметаат дипломатите, и да се создаде атмосфера во која би се отвориле и чувствителни прашања.

Давкова ќе биде придружувана од министерот за култура Зоран Љутков и од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.