Законот за заемот од Унгарија на седница на Комисијата за финансирање и буџет
Седницата ја закажа претседателот на Собранието, Африм Гаши, откако беше објавено дека претседателката на Комисијата Сања Лукаревска нема да закаже седница бидејќи законот се носи по скратена постапка.

За денеска во 10 часот е закажана седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која треба да се разгледа Предлог- законот за заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, кој се носи по скратена постапка.
Седницата ја закажа претседателот на Собранието, Африм Гаши, откако беше објавено дека претседателката на Комисијата Сања Лукаревска нема да закаже седница бидејќи законот се носи по скратена постапка.
Со денешната седница треба да претседава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
СДСМ вчера побараа да се повлече законот и тој да се носи во редовна постапка и да се организира дебата со вклучување на експертската јавност.
