САД ја продолжуваат поддршката за Израел
Пентагон потврди дека носачот на авиони Рузвелт го напуштил регионот на Блискиот Исток откако администрацијата на Бајден го засили американското воено присуство со цел да помогне во одбраната на Израел од можни напади од Иран и неговите посредници...

Пентагон потврди дека носачот на авиони Рузвелт го напуштил регионот на Блискиот Исток откако администрацијата на Бајден го засили американското воено присуство со цел да помогне во одбраната на Израел од можни напади од Иран и неговите посредници.
„Ќе ги сфатиме сите потенцијални закани многу сериозно. Иран укажа дека тие сакаат да му возвратат на Израел. Ќе продолжиме да одржуваме силно присуство во регионот“, изјави Генерал Патрик С. Рајдер, секретар за печат на Пентагон.
СЗО тврди дека кампањата за вакцинација против детска парализа во Газа ја постигнала својата цел со вакцинирање на повеќе од 90 насто од децата на возраст под 10 години. На фронтот битките продолжуваат, вчера израелската одбрана изврши напади во Појасот Газа, јужен Либан и Сирија. Целта биле терористи, додека здравствените работници зборуваат за цивилни жртви.
