воен конфликт

Зеленски и Путин со различен став за војната

13.09.2024 08:50

За да заврши војната во Украина, светот мора да се соочи со некои непријатни прашања, изјави украинскиот претседател Зеленски...

Борбите продолжуваат на украинскиот фронт. Најжестоки конфликти има во регионот на Доњецк, Москва напредува во Луганск. За да заврши војната во Украина, светот мора да се соочи со некои непријатни прашања, изјави украинскиот претседател Зеленски.

„Секој треба да биде искрен, пред сè со себе. Затоа што е многу лесно да се осуди руската ракета што лета во нашето училиште. Но, не е така лесно да се признае дека оваа ракета може да има делови од Америка, Европа, Азија, од кој било дел од светот“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

За барањето на Киев да употреби ракети со долг дострел на руска територија, Путин предупредува дека директното учество на Западот во конфликтот би ја променило неговата суштина.

„Доколку се донесе оваа одлука, тоа нема да значи ништо помалку од директно учество на земјите од НАТО, САД и европските земји во војната во Украина. Ова е нивно директно учество и тоа, се разбира, значително ја менува самата суштина, самата природа на конфликтот. Тоа ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се борат против Русија, а ние ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе ни се создадат“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Во меѓувреме, ЕУ ги прошири индивидуалните санкции против Русите кои ги смета за одговорни за војната во Украина.