САД

Трамп објави дека нема да учествува во втора дебата со Харис

13.09.2024 08:53

Според него, Харис ги одбила претходните можности и го загубила дуелот во вторникот вечерта...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека нема да учествува во втора дебата со Камала Харис. Според него, Харис ги одбила претходните можности и го загубила дуелот во вторникот вечерта. Кампањата на Камала Харис претходно соопшти дека ќе биде подготвена повторно да дебатира со Трамп некаде во октомври.

Потпретседателот на Трамп, Џеј-Ди Венс, сепак треба да дебатира со Тим Волц, демократскиот кандидат, на 1-ви октомври во Њујорк.