Почнува „Охридско лето“
12.07.2014 09:40
Уметниците од Италија уште по пристигнувањето во Охрид изразија задоволство што имаат чест да бидат тука, да се претстават пред македонската публика во овој за нив егзотичен дел од светот...

Италијанските оперски ѕвезди, сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, во придружба на уметниците на Македонската филхармонија, под диригентско раководство на маестро Луис Горелик, вечер, на сцената на Античкиот театар, ќе го отворат 54. издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.
Уметниците од Италија уште по пристигнувањето во Охрид изразија задоволство што имаат чест да бидат тука, да се претстават пред македонската публика во овој за нив егзотичен дел од светот.
Ѕвездите на свеченото отворање вчера ги прими и претседателот на Република Макеоднија, Ѓорѓе Иванов, кој како покровител на манифестацијата ќе го отвори годинешното фестивалско издание.
Наредните 40 дена до 20 август Охрид ќе биде местото на големи концерти, театарски претстави, со ексклузивни уметници од кои за повеќето од нив тоа ќе биде премиерно нивно претставување во овој дел од Европа.
